Во нашиот фокус е Вашата потреба.
Регрутираме и подготвуваме квалитетни кандидати со специфични профили на професија кои недостасуваат на Вашиот локален пазар.
Нудиме брза и целосна услуга во пронаоѓање, подготовка и воведување во работа на на специфични профили на професија кои недостасуваат на локалниот пазар на земјата на работодавачот.
Нашите работни активности го заокужуваат целиот процес, од селекција и избор на кандидатот, подготовка и спроведување на административните процедури до организација на нивно доаѓање во земјата во која се вработуваат.
Го негуваме партнерскиот однос и пронаоѓаме решенија за Вашите потреби.
Во соработка со нашиот тим, успеавме да создадеме модел кој ви овозможува во најбрз можен рок да ги пронајдете потребните кадри кои се подготвени и мотивирани да работат во странство и кои одговараат на побараните профили.
Кандидатот го избира соодветниот оглас од базата на работни места и аплицира преку страницата I’mJob.
Барање од работодавецот
Со пополнување на формуларот на страницата I’mJob, кандидатот креира и доставува свое CV за огласеното работно место.
Барање на соодветни кандидати
Професионалниот тим на I’mJob го спроведува првото интервју со кандидатот кој има психомотивациски карактер, по што следи професионално-стручно интервју со професор/експерт за бараната професија. Последниот круг на селекција е интервју со клиентот, по што сите примени кандидати преминуваат во следната фаза.
Интервју за работа и селекција
Организирање бесплатен јазичен курс / специјалистичка обука за кандидати. Операторите на I’mJob го спроведуваат процесот на подигање, преведување и заверка на сета потребна документација за работата (дипломи, лиценца, пасош и сл.).
Подготовка
Тимот на I’mJob ја врши финалната подготовка на документацијата, работните визи и кандидатите за заминување во земјата на вработување.
Трансфер
Потпишување договор за вработување со работодавачот.
Вработување
Во склоп со денешниот глобален пазар на труд кој бара се поголема мобилност и флексибилност на работници, создадовме систем за поддршка на кој можеш да се потпреш.
Заштитата на кандидатите и клиентите е најважен дел од нашата работа, така што сите процеси во рамките на моделот се во согласност законските правила и закони, почитувајќи ги најголемите стандарди за доверливост и транспарентност.