ДОКТОРИ ПСИХИЈАТРИ / Психијатри во Италија

Плата

21.300 € Neto

Тип на Договор

Договор на определено

Виза

Достапно

    ДОКТОРИ ПСИХИЈАТРИ / Психијатри во Италија

    Во моментов бараме високо квалификувани и мотивирани лекари и психијатри за наш ценет клиент во Италија. Примарниот фокус на оваа институција е обезбедување на најдобра здравствена нега на своите пациенти, поточно пациенти со ментални потешкотии и нарушувања во однесувањето.

    Стручните лица кои ги бараме ќе бидат одговорни за активностите во смисла пружање на здравствената нега на пацинетите: прегледи, препишување терапии, ажурирање на медицинската документација и слични административни обврски.

    Оваа институција е сместена во мал град и има стратешка локација, која се наоѓа на границите на три различни региони (Венето, Емилија Ромања и Ломбардија). Нејзината поставеност е во близина на различни градови како Венеција, Болоња и Падова, давајќи им можност на своите вработени да имаат добра сообраќајна поврзаност, да можат да патуваат и да ги разгледуваат сите посакувани градови во Италија.

    ПРОЦЕСОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ ТРАЕ ПОМЕЃУ 4-6 МЕСЕЦИ, предвиден период во кои кандидатите ќе бидат посветени на изучување на италијански јазик, следејќи посебни курсеви по италијански јазик организирани од наша страна, додека нашиот тим превзема одговорност за спорведување на целовкупниот административно –технички процес до вработување во оваа институција, како и подготовка и добивање на работна виза и спроведување на кандидатите чекор по чекор за време на целиот овој процес.

    Кандидатите можат да очекуваат потенцијален раст во кариерата и професионален развој врз основа на своето искуство и индивидуален напредок.

    УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ :

    · Диплома за завршен медицински факултет;

    · Специјализација од областа на психијатрија или општа медицина;

    · Лиценца за специјализација за психијатрија или Уверение за работа во земјата на потекло;

    · Работно искуство (би се сметало за предност);

    · Моментална достапност ;

    · Способност за градење на пријатни односи со пацинетите и колегите ;

    · Знаење на италијански или англиски јазик (би се сметало за предност).

    ШТО НУДИ НАШИОТ КЛИЕНТ ?

    · Обезбедена работна дозвола – Виза;

    · Договор на долг временски период, со минимално задржување од 24-36 месеца кај истиот работодавач и со можност за продолжување на истиот ;

    · Почетна годишна нето плата од 21.300,00 евра;

    · Покриено здравствено, социјално и пензиско осигурување ;

    · Дополнителни бонуси за прекувремени работни саати, ноќни смени, викенди и празници;

    · Платен годишен одмор од 30 работни дена ;

    · Бесплатен смештај (првиот месец);

    · Специјализиран курс по италијански јазик за време на добивање на работна дозвола или виза и за време на почетниот период од вработувањето ;

    · Можност за развој и напредок во кариерата ;

    · Можност за носење на фамилијата во Италија после одреден временски период, кој е регулиран со Законот за странци во Италија.

    Овој оглас за вработување е отворен за кандидати од двата пола и сите кандидати се добредојдени.

    За сите останати услови, важи италијанскиот Закон за странци и колективен Договор за категоријата лекари – специјалисти по психијатрија.

    За сите дополнителни информации или портебни појаснувања, ги молиме кандидатите слободно да не контактитраат.

Здравствено осигурување

Организирано курс за јазик

Обезбеден смештај