ДОКТОРИ ИНТЕРНИСТИ / Интернисти во Италија

Плата

27.000 € Neto

Тип на Договор

Договор на определено

Виза

Достапно

    ДОКТОРИ ИНТЕРНИСТИ / Интернисти во Италија

    Во моментов бараме високо квалификувани и мотивирани лекари за нашите ценети клиенти во Италија. Примарниот фокус на овие институции е обезбедување на најдобра здравствена нега на своите пациенти, и претежно се занимаваат со продолжена нега на стари лица.

    Стручните лица кои ги бараме ќе бидат одговорни за активностите во смисла пружање на здравствената нега на пацинетите: прегледи, препишување терапии, ажурирање на медицинската документација и слични административни обврски.

    Оваа прилика е достапна во различни приватни медицински установи, сместени во централните и севрните региони на Италија (Венето, Емилија Ромања и Ломбардија), познати по богата култура и историја кои ги прават пријатни места за работа и живот.

    ПРОЦЕСОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ ТРАЕ ПОМЕЃУ 4-6 МЕСЕЦИ, предвиден период во кои кандидатите ќе бидат посветени на изучување на италијански јазик, следејќи посебни курсеви по италијански јазик организирани од наша страна, додека нашиот тим превзема одговорност за спорведување на целовкупниот административно –технички процес до вработување во оваа институција, како и подготовка и добивање на работна виза и спроведување на кандидатите чекор по чекор за време на целиот овој процес.

    Кандидатите можат да очекуваат потенцијален раст во кариерата и професионален развој врз основа на своето искуство и индивидуален напредок.

    УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ :

  • Диплома за завршен медицински факултет;
  • Специјализација од областа на интерна медицина или геријатрија;
  • Лиценца за специјализација од погоренаведените области или Уверение за работа во земјата на потекло;
  • Работно искуство (би се сметало за предност);
  • Моментална достапност ;
  • Способност за градење на пријатни односи со пацинетите и колегите ;
  • Знаење на италијански или англиски јазик (би се сметало за предност).
  • ШТО НУДИ НАШИОТ КЛИЕНТ ?

  • Обезбедена работна дозвола – Виза;
  • Договор на долг временски период, со минимално задржување од 24-36 месеца кај истиот работодавач и со можност за продолжување на истиот ;
  • Почетна годишна нето плата од 27.000,00 евра;
  • Покриено здравствено, социјално и пензиско осигурување ;
  • Дополнителни бонуси за прекувремени работни саати, ноќни смени, викенди и празници;
  • Платен годишен одмор од 30 работни дена ;
  • Бесплатен смештај (првиот месец);
  • Специјализиран курс по италијански јазик за време на добивање на работна дозвола или виза и за време на почетниот период од вработувањето ;
  • Можност за развој и напредок во кариерата ;
  • Можност за носење на фамилијата во Италија после одреден временски период, кој е регулиран со Законот за странци во Италија.
  • Овој оглас за вработување е отворен за кандидати од двата пола и сите кандидати се добредојдени.

    За сите останати услови, важи италијанскиот Закон за странци и колективен Договор за категоријата лекари – специјалисти по интерна медицина или геријатрија.

    За сите дополнителни информации или портебни појаснувања, ги молиме кандидатите слободно да не контактитраат.

Здравствено осигурување

Организирано курс за јазик

Обезбеден смештај